Фараните полетаа за Скопје (фото)

Ракометарите на Фарските острови се соочија со големи проблеми на патот кон Скопје за реваншот од баражот за пласман за СП 2025 откако останаа „заробени“ во татковината.

Временската ситуација во текот на денешниот ден се подобри, па тие успеаја некако да стигнат до Билунд во Данска, од каде вечерва полетуваат за Скопје и околу полноќ би требало да стигнат во нашата држава.

„Последниот дел од патувањето од Билунд до Скопје почна. Времето во хотел Вагум беше искористено за видео-анализа и кроење на тактиката“, објави Ракометната Федерација на Фарските Острови крај фотографијата од ракометарите пред авионот со кој треба да допатуваат во Скопје.

Само за потсетување, реваншот од баражот за СП 2025 се игра утре со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“, дуел на кој Македонија ќе брка негатива од седум гола од првиот меч во Торшавн.

Се вчитува...