Без проблеми за Сити и Арсенал, елиминација на Тотенхем во Лига купот на Англија

Без апсолутно никаков проблем Манчестер сити си обезбеди место во четвртата рунда од Лига купот на Англија откако славеше на гостински терен против Престон со убедливи 0-3.

Стрелци за „граѓаните“ беа Стерлинг и Габриел Хесус уште во првото полувреме, а третиот гол беше автог0л на Ледсон во 42. минута.

И Арсенал си обезбеди пласман во следната рунда, славејќи против Нотингем со 5-0, со головите на Мартинели во првото, и Холдинг, Вилок и Нелсон во второто полувреме. Мартинели, со својот втор гол на мечот, во 92. минута заокружи на 5-0.

Евертон триумфираше против Шефилд венсдеј со 2-0, Саутемптон беше убедлив на гостински терен со 0-4 против Портсмут, а со ист резултат славеше и Лестер на гостувањето против Лутон.

Изненадувачка елиминација доживеа Тотенхем кој по изведувањето на пеналите загуби од Колчестер, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови.

Се вчитува...