Биелса е веќе поранешен на клупата на Уругвај: „Муслера сам сакаше да го заменам“ (ВИДЕО)

Фаворизираната селекција на Уругвај доживеа изненадувачка елиминација од Мундијалот 2026 уште по групната фаза, откако собра само два бода во три натпревари.

Уругвајците се елиминирани откако загубија со 1-0 во дербито на групата од Шпанија. Оваа елиминација на Уругвајците како да баше претходно најавена и со внатрешниот конфликт во тимот кој ескалираше токму пред ова дерби.

Единствениот гол на мечот беше постигнат во 42. минута кога Алекс Баена шутираше, а голманот на Уругвај, Фернандо Муслера, направи кардинална грешка и прими гол што тренерот Марсело Биелса не му го прости.

Веќе на полувремето, популарниот „лудак“ го замени голманот и легенда на Уругвај, кој во претходните денови беше водач на бунтот на тренинзите токму против тренерот.

Но, Биелса на прес-конференцијата по мечот истакна дека Муслера сам барал замена на полувремето.

„Беше депримиран и сам побара да биде заменет на полувремето“ – соопшти Биелса.

Искусниот стратег, пак, се чини веќе е поранешен на клупата на Уругвај. Репрезентативците веќе извесен период искажуваат непослушност кон него, а овој дебакл на Мундијалот сигурно ќе му пресуди на Биелса.

Се вчитува...