Фудбалски Уругвај тешко ја прифати елиминација уште по групната фаза на СП 2026, по денешниот пораз од Шпанија во последниот меч од групите.
Селекторот Марсело Биелса очекувано бесен по мечот, но даде директни и реални изјави за неговото наследство на клупата на Уругвај.
„Она што му го оставам на уругвајскиот фудбал е – ништо. Четвртото место во квалификациите немаше никаква вредност, третото место на Копа Америка немаше никаква вредност, а не ми треба ни да го опишувам овој настап на Светското првенство“, рече Биелса.
Кога го прашаа како ќе се памети неговиот мандат, тој одговори во својот препознатлив, директен стил.
„Тоа е мандат што не остави ништо зад себе.“
🚨 Marcelo Bielsa’s “SPICY” post-match interview after Uruguay’s elimination from the 2026 World Cup. 🇺🇾 pic.twitter.com/MQmmz29rVO
— Polymarket FC (@PolymarketFC) June 27, 2026
Зборовите на Биелса предизвикаа многу реакции во Јужна Америка, особено поради фактот што тој е тренер кој ужива голема јавна доверба.
Сепак, по неуспехот на Светското првенство, искусниот стручњак не се обиде да ја минимизира одговорноста, туку ја презеде целата вина врз себе.
Репрезентацијата на Уругвај е една од најуспешните репрезентации во историјата на Светските првенства, и покрај тоа што доаѓа од земја со нешто повеќе од три милиони жители.
Тие се двоен светски шампион (1930 и 1950), па затоа гневот е разбирлив.
За оние кои не знаат, Уругвај беше домаќин и прв светски шампион во 1930 година, кога ја победи Аргентина во финалето со 4-2. Во полуфиналето, пак, беше подобра од тогашната репрезентација на Југославија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
