Фудбалерите на Босна и Херцеговина славеа со 3-1 против Катар во натпревар од последното 3. коло од групата Б на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико.
Откако скоро половина час мируваа мрежите во Сиетл, водство за БиХ од 1-0 донесе младиот Керим Алајбеговиќ со прекрасен гол во 29. минута.
Bosnia and Herzegovina [1] – 0 Qatar – K. Alajbegović 29'
byu/West_Agent4651 insoccer
Само пет минути подоцна веќе беше и 2-0 откако по ударот на Един Џеко, автогол си постигна Ал Браке. До крајот на првиот дел иако Џеко ја погоди и стативата, мала деконцентрација доведе до тоа Катар во 42. минута да намали на 2-1 преку Ал Хајдос.
Bosnia and Herzegovina 2-0 Qatar – Sultan Al-Brake own goal 34'
byu/977x insoccer
Во вториот дел конечнте 3-1 ги постави Мaхмиќ во 80. минута.
Bosnia and Herzegovina [3]-1 Qatar – Ermin Mahmić 81'
byu/977x insoccer
Во вториот натпревар од Б сегментот на шампионатот Швајцарија го обезбеди првото место откако славеше против домаќинот Канада со 2-1. Водство за Швајцарија од 1-0 донесе Варгас во 46. минута. На 2-0 зголеми Манзамби во 57. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Промис Дејвид во 76. минута.
Switzerland [2] – 0 Canada – Johan Manzambi 56'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
