Македонската фудбалска репрезентација го стартува настапот во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации, а првиот меч на домашен терен ќе го игра против Ерменија на 9.септември, три дена по гостувањето во Гибралтар. Одредени се и цените на билетите за овој натпревар.
Македонските фудбалски фанови од понеделник, 3. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Ерменија преку продажната мрежа на MKTickets, а посебен пулт за продажба на билети ќе биде поставен во „Скопје Сити Мол“, во периодот од 3. септември до 9. септември. Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“, на денот на натпреварот од 12 часот до почетокот на натпреварот.
Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА