Со денешните две средби официјално стартуваше „фајналејт“ турнирот како завршница на овогодинешното издание на Бизнис-лигата.
Лукоил лесно до победа над Пекабеско
Лукоил 6-1(1-0) Пекабеско
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 18’ 25’ 34’ Марјан Цветковски 27’ Љупчо Апостоловски 28’ Дејан Зиков 40’
Пекабеско: Дејан Неделковски 35’
ЈСП во пенал завршница го совлада Трансмет
ЈСП 1-1(1-1) Трансмет (4-3 по пенали)
ЈСП: Љупчо Павловиќ 17’ | Даниел Антовски (п) Дејан Блажевски (п) Велко Серафимовски (п)
Трансмет: Бобан Велјановски 18’| Живко Стојковски (п) Един Скендеровиќ (п)
Во вториот четверт финален дуел силите ги одмерија екипите на ЈСП и Трансмет. И двете екипи влегоа во доста агресивно, мотивирано и со огромна желба за победа, во текот на целото прво полувреме се играше егал натпревар во кој и двете екипи даваа максимум во секоја минута од полувремето. Екипата на ЈСП преку Љупчо Павловиќ во 17. минута прва дојде до водство по што следеше брз одговор од Бобан Велјановски од екипата на Трансмет кој за нецела минута успеа да израмни на 1-1, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме се играше доста агресивно на раб на фаул, па од тука и малкуте шанси за гол и на двете страни. И оние мал број можности за гол кои беа изработени од добри напади беа блокирани од цврстата одбрана на која впрочем беше и ставен целосен акцент. Во текот на целото второ полувреме ниту една од екипите не успеа да постигне гол по што се влезе во пенал завршница. Во ваквата завршница екипата на ЈСП се чини дека беше по присебна и успеа да извојува победа и влез во Ф4 фазата по изведувањето на пеналите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА