Бјелица го менува клубот, но останува во НБА

Немања Бјелица реши да замина од Минесота тимбервулвс, но српскиот репрезентативец одби понуди за враќање во Европа за да остане во НБА-лигата, како член на Филаделфија.

Тој ја прифатил понудата за „среден договор“ и ќе заигра крај Дарио Шариќ, во тимот на Филаделфија кој важи за еден од најталентираните во лигата.

Минатата сезона Бјелица одигра 67 натпревари во дресот на Минесота, во просек бележејќи по седум поени, четири скока и една асистенција по натпревар.

 

Се вчитува...