Благотиншек: „Старата“ Македонија играше поинаку…

Македонија и Словенија ќе ги одмерат силите на стартот од Европското првенство во Хрватска. Овој воведен дуел е исклучително важен и за едната и за другата страна, а во пресрет на ЕП се одмеруваат силите и се скенираат предностите и слабостите на противникот. За словенечкиот пикер Блаж Благотиншек во групата Ц во која се уште и Германија и Црна Гора, лесно може да се измешаат картите. И затоа, како што вели, за Словенија ќе биде важно против Македонија да стартува во полна пареа.

„Имаме добра и исклучително силна група. Ниедна репрезентација не смее да се потцени бидејќи во ваква конкуренција картите може брзо и лесно да се измешаат. Знаеме дека во првиот натпревар мора да влеземе со полна пареа и потоа да ја темпираме формата“ – вели Блаж Благотиншек.

Двометрашот од Целје кој по повредата на Матеј Габер, ќе го носи товарот на прв пикер во репрезентацијата на Словенија има интересно видување за репрезентацијата на Македонија.

„Знаеме дека старата Македонија играше подруг стил на ракомет, за разлика од играта што ја има сега со новиот селектор. Само ако го погледнеме Вардар, ќе видиме дека игра добар и брз ракомет…Ќе видиме, првиот натпревар на првенството секогаш е исклучително важен“ – вели Благотиншек.

Се вчитува...