Блажевски реди голови за победи на Тирана

Поранешниот вардаров напаѓач Дејан Блажевски го постигна и вториот гол на два едноподруго натпревари во дресот на албанскиот прволигаш Тирана.

По погодокот пред пет дена во Купот на Албанија, сега Блажевски стрелаше во триумфот на Тирана од 3-1 против Луфтетари во 4. коло од шампионатот на Албанија.

„Среќен сум што дојдовме до триумф по три претходни натпревари во кои освоивме само еден бод. Задоволен сум што постигнувам голови во серија, но погодокот е дело и на моите соиграчи. Верувам дека како ќе минува сезоната во првенството ќе реализирам и уште подобри партии во дресот на Тирана“ – вели Блажевски кој за албанските медиуми дава споредба на шампионатите во Македонија и во Албанија.

„Во Македонија се издвојуваат Вардар и Шкендија, а тука гледам дека има повеќе екипи кои се на исто или слично ниво. Кога доаѓав тука знаев дека Тирана е клуб со огромна историја, шампионски тим. Наша цел сезонава е да обезбедиме европски излез“ – истакнува Блажевски.

Се вчитува...