Блажевски: Вардар е моја најголема љубов, но секако сакам триумф на Македонија ЃП

Со натпреварите од 10.коло викендов стартува вториот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. И, најинтересниот натпревар од денешната програма во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП го пречекува лидерот Вардар.

„Вардарци“ единствениот пораз досега во првенството го имаат токму од „лавовите“ на почетокот од сезоната. Сега посакуваат реванш, но во таборот на Македонија ЃП веруваат дека повторно може да дојдат до позитивен резултат.

„Вардар е мојата најголема љубов, но јас сум професионалец и сакам бодовите да останат во Ѓорче Петров. Работиме максимално и мотивацијата е на највисоко ниво за овој натпревар. Македонија е одличен клуб и уживам на секој тренинг и на секој натпревар, ако сакаме да го постигнеме минатогодишниот успех мора дома да освојуваме бодови“ – вели поранешниот вардаров фудбалер, а сега дел од „лавовите“, Дејан Блажевски.

Во Кратово, пак, Силекс ја пречекува Ренова неизбежно во трка по бодови како би ги избегнал последните позиции на табелата. „Гипсарите“ веруваат во приклучок кон водечката тројка на табелата поради што атакуваат на трите бода.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ 0-1

Се вчитува...