Блесна на СП во Скопје, па потпиша за Бутел

Екипата на Бутел ги засили своите редови со третиот најдобар стрелец во досегашниот дел од Мундијалот во Скопје, нигерискиот репрезентативец Фарук Јусуф. Африканскиот тинејџер настапува на позицијата десен бек, а во Бутел доаѓа од екипата на Сокото Академи. Тој денеска потпиша четиригодишен договор со македонскиот суперлигаш, а на подготовките на новиот клуб ќе се приклучи на почетокот од месец септември.

„Среќен сум што потпишав за тим каков што е Бутел Скопје, кој од година во година се повеќе се развива. Се надевам дека ќе помогнам во следниот период тимот да стигне до некој трофеј и едвај чекам да ја започнам соработката со управата, со тренерот и со моите нови соиграчи“ – истакна Јусуф.

Се вчитува...