Блесна „Под Тумбе кафе“ во дербито меѓу Пелистер и Вардар: „Чкембари“ и „Комити“ со „фешта“ (ФОТО)

Блесна стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола на дерби-пресметката меѓу Пелистер и Вардар од 14. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Одличен амбиент во Битола на официјалното отворање и на новата трибина „Под Тумбе Кафе“, за кој секако се заслужни двете навивачки групи „Чкембарите“ и „Комитите“.

По повеќе години за првпат на трибините двете навивачки групи, како заокружување на атмосферата на пресметката меѓу двата традиционално најголеми македонски ривали.

Се вчитува...