Блесокот на „терминаторот Магдевски“ во епскиот меч во Романија (ВИДЕО)

Андреј Магдевски се врати на кошаркарските терени во Романија по репрезентативната пауза, но за жал не успеа да го предводи својот тим до нова победа откако во епскиот натпревар од 12. коло неговиот Плоешти загубија на гостувањето кај Динамо Букурешт по три продолженија.

Македонскиот репрезентативец одигра одличен меч кој го заврши со 20 поени и реализација 7/7 за два поени, на кои додаде и 6 асистенции, 3 украдени топки и два скока. Дел од блесокот на „терминаторот Магдевски“ можете да го видите на видеата подоле.

Се вчитува...