Бобан со сериозни промени во Динамо: И Адеми мора да си замине, и се сели во Марибор!?

Пред последното коло, Динамо Загреб е на второто место на табелата со 62 бода. Ријека е на врвот поради подобар меѓусебен сооднос, и со триумф во последното коло ќе ја освои шампионската титула која се уште теоретски може да ја освои и Хајдук, кој е на третото место со два бода помалку.

Во сенка на сè понапнатата борба за титулата, во Максимир се одвиваат веќе сериозни најава за реконструкција на тимот низ летниот преоден рок. Од моментот кога пристигна во Динамо, Звонимир Бобан веќе направи неколку потези и не планира да застане тука.

Според последните информации, и поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми е блиску до заминување од клубот. Адеми, и онака, имаше помала минутажа изминатава сезона, па ќе биде наводно слободен да си бара нова средина. Веќе за него има интерес од словенечки Марибор. Спортски директор таму е Михаел Микиќ, поранешен играч на Динамо и помошник тренер во стручниот штаб на Дамир Крзнар.

Дека заминувањето на Адеми во Марибор е многу сериозна опција, потврдува и фактот дека Микиќ веќе ги одржал првите разговори со него во Загреб и Адеми е заинтересиран за таа опција. Сепак, засега, финансиите се уште се пречка за реализација на договор, бидејќи Марибор не може да плати ни приближно колку што е договорот на Адеми во Динамо.

Капитенот влезе во последната година од договорот, на хартија има околу еден милион евра бруто, што дефинитивно е превисока сума за Марибор. Сепак, постои опција според која Адеми би се согласил со Динамо да му плати помала сума за раскинување на договорот, а Марибор би му го платил остатокот за една година во Словенија за, практично, исти пари како во Динамо Загреб.

Се вчитува...