Боби Милевски во посета на Милан Ристовски во Ријека (ФОТО)

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски не пропушти можност веднаш да даде поддршка за капитенот на селекцијата до 21 година, Милан Ристовски кој неодамна на тренинг на Ријека заработи тешка повреда.

Милевски заедно со техничкиот директор на младата репрезентација, Зоран Зафиров, го посетија Ристовски во Ријека искажувајќи желба за што побрзо негово закрепнување и уште посигурно враќање на терените.

„Чест ми е што работам со вакви лица, пред се луѓе! Благодарам селекторе, и најдобар технико Зафиров за оваа поддршка за оваа посета. У-21 е фамилија“ – напиша Ристовски на социјалните мрежи испратено со заедничката фотографија со Милевски и Зафиров.

Ристовски, како што е познато, беше подложен на хируршка интервенција по скршеницата на зглобот на тренинг на Ријека, па сега го очекува неколкумесечна пауза. Силно ќе недостасува и во составот на младата репрезентација на клучните пресметки за пласман на ЕП 2022 против Израел и против Казахстан следниот месец.

Се вчитува...