Бодрете ја Македонија против Фарски острови за цена од 200 и 300 денари

Македонската ракометна репрезентација на 12. мај од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ја пречка селекцијата на Фарски Острови во бараж натпреварот од квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во 2025 година.

На овој натпревар на репрезентативците во „црвено-жолто“ ќе им биде потребна поддршка од верната публиката, а со таа цел ракометната федерација веќе ги пушти во продажба билетите за влез кои можат да се набават онлајн преку продажната мрежа МК Тикетс и на повеќе локации низ државата.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари.

Се вчитува...