Богдановиќ го реши Њујорк, Њу Орлеанс продолжува со победите

Сакраменто триумфираше на дуелот со Њујорк никс со 102-99, меч на кој блесна Богдан Богдановиќ и им ја донесе победата на „кралевите“. Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 22 поени и седум асистенции, воедно и погодувајќи го еден од клучните шутеви, за водство од 99-97 на половина минута до крајот.

Њу Орлеанс продолжува со импресивни настапи, триумфирајќи во Далас со 109-126 за своја осма победа во низа. Никола Миротиќ блесна на оваа средба со 24 поени, Ентони Дејвис постигна 23 поени и 13 скока, додека плејмејкерот Рондо беше на чекор до трипл-дабл со 14 поени, 10 асистенции и девет скокови.

ЛА клиперс со фуриозен финиш и завршна серија од 13-2 во последните три минути направи пресврт и славеше над Брукллин со 123-120. Остин Риверс ги предводеше клиперси со 27 поени, еден повеќе од Херис.

Резултати НБА:

Атланта – Феникс 113-112, Торонто – Шарлот 103-98, Вашингтон – Индијана 95-98, Далас – Њу Орлеанс 109-126, Милвоки – Филаделфија 118-110, ЛА клиперс – Бруклин 123-120, Сакраменто – Њујорк 102-99.

Се вчитува...