Богдановиќ го „уништи“ шампионот, уште една неверојатна ноќ на „Кралот“!

Индијана славеше синоќа на домашен терен против актуелниот шампион Голден стејт со 126-106 во еден од синоќешните дуели од НБА лигата.

Индијана доминираше комплетно на мечот стигнувајќи до заслужена победа благодарение и на импресивниот наспа на хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ. За 30 минути Хрватот постигна 28 поени, со шут од игра 11/13 и шест погодени тројки од седум обиди. Имаше Богдановиќ помош и од Оладипо со 21 поен како и од Јанг го заврши со 16 поени.

На спротивната страна Кевин Дурант постигна 27 поени, но само со осум погодени шута од 23 обиди.

Уште една одлична ноќ имаше Леброн Џејмс. Кливленд на свој паркет го победи Вашингтон со 119-115, а „кралот3 постигна 33 поени, дополнети и со 14 асистенции и 9 скока.

Кај Вашингтон, Џон Вол заврши со 28 поени и 14 асистенции, но против Леброн едноставно не се можеше.

Борбата за позиции кои водат во доигрувањето на Западот ќе биде жестока во последните три средби, затоа што дури седум тима се борат за петтата позиција.

Јута го декласираше ЛА Клиперс со 117-95, па на три средби пред крајот дојдоа на чекор од осигурување на плеј-офот. Но до крајот ќе се бори за задржување на четвртото место со прилично тежок распоред (ЛА лејкерс, Голден стејт и Портланд).

Иако останаа без Рики Рубио и Краудер, кои поради повреди го напуштија мечот, лесно славеа против Клиперси. Донован Мичел постигна 19 поени, а на спротивната страна ист број поени постигна Остин Риверс.

Денвер победи против Минесота со 100-96. Никола Јокиќ не беше шутерски расположен (6 од 20) но постигна 16 поени, дополнети и со 14 скока и 9 асистенции. Мареј уфрли 22 поени во победничкиот тим, додека Таунс кај Минесота постигна 26 поени.

Изненадување на вечерта приреди Бруклин кој на гости славеше против Милвоки со 111-119.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...