Богдановиќ останува во Индијана, ќе заработи дополнителни 10,5 милиони долари

Најдобриот хрватски кошаркар Бојан Богдановиќ останува во редовите на Индијана пејсерс и следната сезона. Како што инфомираат од клубот, Богдановиќ за оваа сезона ќе добие 10,5 милиони долари.

Хрватот минатата година потпиша двегодишен договор вреден 21 милион долари. Откако ја одработи првата половина од договорот, од Индијана сега потврдија дека без размислување Бојан останува во клубот и втората сезона.

Богдановиќ изминатава сезона, заедно со Оладипо, беше најдобар кошаркар на Пејсерси. За 30,8 минути во просек на паркет, запиша просечно 14,3 поени, 3,4 скока и 1,5 асистенции.

Се вчитува...