„Богот“ Златан го поздрави „Кралот“ Леброн

Кралот Леброн Џејмс првата честитка по официјализирањето на договорот со ЛА Лејкерси ја доби од кого друг ако не од „староседелецот“ во Лос Анѓелес, Златан Ибрахимовиќ. И тоа сосема очекувано, на специфичен начин, во „Златан стил“…

„Лос Анџелес сега има и бог и крал“ – стои во пораката што на социјалните мрежи ја објави, Златан Ибрахимовиќ откако беше официјализирано дека Леброн Џејмс потпишал договор со Лејкерси.

Ибрахимовиќ никогаш не бил скромен… Но, и оваа карактерна особина не му пречеше да стане миленик во „Градот на Ангелите“ експресно по доаѓањето во Лос Анѓелес Галакси.

Леброн Џејмс потпиша четиригодишен договор со Лејкерс вреден 154 милион долари. Тој ќе треба да го врати сјајот на некогаш шампионската НБА екипа.

 

Се вчитува...