Бојан Димоски останува во Партизан и во следните шест месеци

Нова позајмица од шест месеци за македонскиот репрезентативец Бојан Димоски во Партизан. Тоа е потврдено, а Димоски од рускиот Акрон ќе мине на нова отстапница во Белград.

Димоски првпат меѓу „црно-белите“ пристигна во февруари, но во пролетниот дел одигра само на четири натпревари, или вкупно 56 минути на теренот.

Неговиот клуб Акрон Тољати даде согласност за нова позајмица, која ќе трае до крајот на оваа година, а со тоа „црно-белите“ веруваат во неговите квалитети. Димоски, пак, се надева на поголема минутажа во новата позајмица.

Димоск има 20 настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а досега покрај Акрон, играше во Вардар и во Академија Пандев.

Се вчитува...