Бојан Спиркоски од Победа е најново засилување за Пелистер

Напаѓачот Бојан Спиркоски е најновото засилување на Пелистер за пролетниот дел од шампионатот во Втората фудбалска лига.

Спиркоски меѓу битолчани доаѓа од ФК Победа засилувајќи ги офанзивните редови на тимот.

Претходно има настапи и за Силекс и Брегалница во македонскиот шампионат, а има интернационална кариера во Јихлава во Чешка. Токму Спиркоски е еден од најзаслужните за влезот на Победа во Првата македонска фудбалска лига постигнувајќи 20 голови и беше најдобар стрелец во Втората лига минатата сезона.

Се вчитува...