Трајковски: Не отпишуваа предвреме… Додека некои си беа на одмор ние бевме тука за репрезентацијата!

Капитенот на македонската репрезентација Бојан Трајковски е горд, како што вели, на сите момци од националниот тим кои ова лето беа тука за Македонија и успешни ги минаа претквалификациите за пласман на СП 2023.

„Многу работи треба да се подобрат за понатаму, но сега не е време да се говори за тоа. Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Треба да извлечеме една добра поука. Завршуваме први, работевме на пеколни температури 40 дена. Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата“ – коментира Трајковски по крајот на претквалификацискиот циклус.

За тоа што Македонија ја очекува во квалификациите за пласман на Мундијалот…

„Сега следат квалификациите, од многу работи и противници ќе зависат тие. Не знаеме кој тогаш ќе игра, кој ќе биде спремен, кој повреден, кој не… Сите кои ќе добиеме повик ќе се сплотиме и се надевам на добар резултат. Оценка од најмладиот до најстариот – сите имаат една „десетка“ за настапите!“ – вели Бојан Трајковски.

Се вчитува...