Бојиќ најдобар стрелец во колото од АБА2-лигата

МЗТ Скопје без многу мака ја совлада Сутјеска за нов триумф во АБА2-лигата, а членовите на македонскиот претставник со своите бројки го одбележаа ова коло во регионалното натпреварување.

Така, Андрија Бојиќ е најдобар стрелец во десеттата рунда со 26 постигнати поени. Зад центарот на МЗТ Скопје се наоѓаат Жан Косиќ и Миха Вашл од Рогашка со по 22 поени.

Иве Иванов исто така одигра одличен натпревар, стигнувајќи до 29 индексни поени за својот целокупен настап против Сутјеска (21 поен, 5 асистенции, 4 скока и 2 украдени топки). Подобар скор од него имаше само Милутин Ѓукановиќ од Ловќен, кој оствари 35 индексни поени на дуелот со Вршац.

На топ-листите од десеттото коло се најде и плејмејкерот Лестер Медфорд, кој со осум успешни додавања е трет најдобар асистент во оваа рунда од регионалното натпреварување.

Се вчитува...