Болт: Не добив вистинска шанса во фудбалот

Најбрзиот човек во историјата Јусеин Болт вели дека не му била дадена вистинска шанса да се докаже во австралиската А-лига и да стане професионален фудбалер. Јамајканецот кој е осумкратен олимписки шампион во 2018 година, откако се откажа од атлетиката, почна фудбалска кариера во австралискиот клуб Централ Коуст Маринерс надевајќи се дека ќе го исполни животниот сон да стане фудбалер.

„Мислам дека не добив вистинска шанса. Не ги правев работите така како што сакав, но фудбалот е нешто за што мислам дека ќе бев добар“, изјави Болт. 

Покрај пробата во Маринерс најбрзиот човек на планетата имаше пробни тренинзи и во тимови во Германија, Јужноафриканската република и во Норвешка, а најзвучен од сите беше германскиот гигант Борусија Дортмунд.

Се вчитува...