Болт се заразил од коронавирус на сопствената роденденска забава

Најбрзиот атлетичар на сите времиња, Јусеин Болт, е позитивен на коронавирус, објавија медиумите од Јамајка повикувајќи се на извори од семејството на светскиот рекордер. Тој сега се наоѓа во самоизолација, а нема информација дали Болт чувствувал симптоми на болеста или е асимптоматичен.

Неофицијално, Болт се заразил за време на својата роденденска забава, откако пред три дена во големо друштво го прослави 34. роденден. Тогаш на социјалните медиуми се објавија неколку видеа од забавата предупредувајќи на тотално непочитување на препораките за дистанца меѓу гостите, за само три дена подоцна да биде обелоденето дека Болт е позитивен на Covid-19.

Меѓу гостите на забавата на атлетичарот биле и фудбалските „ѕвезди“, Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и Леон Бејли од Баер Леверкузен.

Се вчитува...