Болт жртва на измама, од сметката мистериозно му исчезнале 1 милион долари

Еден од најдобите атлетичари на сите времиња, Јусеин Болт пријавил дека од сметката му „исчезнале“ еден милион долари во приватна компанија за управување со имот.

Финансиските власти на Јамајка веднаш почнале истрага на компанија која ги држи инвестициите на осмократниот освојувач на олимписки златен медал, поради сомневање дека е „жртва“ на измама.

Приватната компанија Stocks & Securities Ltd за управување со имор со седиште во Кингстон, е ставена под „зајакнат надзор“ додека Комисијаата за финансиски услуги спроводува истрага.

Менаџерот на Болт, истакнал дека спринтерот веќе долго време вложува во таа компанија.

Се вчитува...