Болтон е спасен, клубот ќе остане во Лига 1

Англискиот клуб Болтон нема да биде исфрлен од Лига 1, откако од клубот потврдија дека компанија „Football Ventures“ прифатила да го отплати долгот на англискиот клуб и да стане нов сопственик.

Сагата со ситуацијата со Болтон е конечно завршена откако фамилијата Дејвис прифати 10 милиони фунти како би го продала клубот. Новите сопственици на клубот ќе ги отплатат долговите на Болтон и ќе останат да се натпреваруваат во Лига 1, но со тим составен од младинци.

Бури ја немаше истата среќа како Болтон и вчера беше исфрлен од професионалните англиски првенства.

Се вчитува...