Александар Џикиќ ќе добие огромно засилување во тимот на Будуќност за вториот дел од сезонава откако беше договрен трансферот на Гога Битадзе. Грузискиот центар на Мега Бемакс важи за еден од најталентираните млади кошаркари во Европа, тој и минатото лето беше поврзуван со преселба во НБА-лигата, па изненадувачки среде сезона е постигнат договор за негова преселба во Подгорица.
Факт е дека центарската позиција важеше за најболна точка во тимот на Будуќност, каде Омиќ не успеа да го понесе целиот товар, а Битадзе дефинитивно е одлично решение за овој проблем. Потписот на договорот се очекува во текот на денешниот ден, кога ќе биде познато и на колкав период ќе биде истиот, со оглед на најавите дека Грузиецот речиси сигурно ќе се пријави на НБА-драфтот претстојното лето.
Битадзе во просек во АБА-лигата постигнува по 20 поени и осум скокови, а црногорската публика можеше да се увери во неговите квалитети на неодамнешниот натпревар во Подгорица постигнувајќи 23 поени во поразот на Мега од Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА