Искусниот српски кошаркар Милош Теодосиќ ќе потпише едногодишен договор со белградска Црвена Звезда, пренесуваат српските медиуми.
И во минатото се шпекулираше дека Теодосиќ ќе се врати во Србија и ќе го облече црвено-белиот дрес, но сега шансите се уште поголеми бидејќи италијанскиот Виртус реши да го намали буџетот за плати за следната сезона, што значи дека ќе мора да се ослободи од дел од „скапите“ интернационалци.
Српски „Телеграф“ објави дека Теодосиќ ја прифатил понудата на Црвена Звезда за едногодишна соработка со опција договорот да биде продолжен на уште една година.
Теодосиќ во кариерата играше за ФМП, Борац Чачак, Олимпијакос, ЦСКА Москва и Лос Анџелес Клиперс од каде се врати во Европа и потпиша за Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА