Барди оди кај Елмас во Фенербахче?!

Крајот на преодниот рок може да донесе и вистинска трансфер-бомба на македонски репрезентативец, откако утрово беше обелоденето дека Фенербахче подготвил офанзива за ангажман на Енис Барди. Македонскиот репрезентативец имаше извонредна сезона во дресот на Леванте, шпанскиот клуб веќе најави дека наскоро ќе му понуди нов договор, но лесно може да се случи овие планови да паднат во вода откако Фенербахче го насочи своето внимание кон Барди како последно засилување за овој преоден рок.

Имено, по продажбата на Џулијано во Ал Наср за сума од 10,5 милиони евра турскиот вицешампион е во потрага по нов плејмејкер што би му се ставил на располагање на тренерот Коку. Прва опција бил Бразилецот Жуниор Сорноза од Флуминенсе, трансферот пропаднал поради превисоките барања за плата на самиот фудбалер, па сега Фенер го врти вниманието кон Барди и кон Себастијан Шимински од Легија.

Според турските медиуми, многу повеќе шанси му се даваат токму на македонскиот интернационалец, кој во договорот има клаузула од 25 милиони евра, но би можел да биде продаден за двојно помала сума. Доколку трансферот се реализира, Барди и Елмас би заиграле еден крај друг во дресот на турскиот гигант, откако претходно заедно беа дел од младинската репрезентација на ЕП во Полска, а сега и двајцата се дел од А тимот на селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...