Додека сè уште траат преговорите меѓу Барселона и Манчестер Сити за евентуалниот трансфер на Родри, раководството на англискиот шампион веќе прави планови за иднината без својот капитен и еден од најважните играчи.
Според информациите, потенцијална замена за шпанскиот репрезентативец би можел да биде Енцо Фернандез од Челзи.
Аргентинскиот фудбалер ова лето е високо на листата на желби и на Реал Мадрид, кој претходно беше заинтересиран и за Родри. Сепак, Манчестер Сити може да влезе во трката, особено поради добриот однос меѓу новиот тренер на „граѓаните“, Енцо Мареска, и Фернандез од времето поминато заедно во Челси.
На патот кон реализација на трансферот стои огромната финансиска пречка. Челси во јануари 2023 година му плати на Бенфика рекордни 121 милион евра за аргентинскиот играч и тешко дека ќе се согласи да го пушти за значително помала сума.
Сити веќе ова лето направи голема инвестиција во Премиер лигата, откако го доведе Елиот Андерсон од Нотингем Форест за рекорден трансфер, па уште една скапа операција за играч од англиски клуб изгледа комплицирана.
Сепак, желбата постои, а доколку Родри замине во Барселона и клубот добие значаен приход од неговиот трансфер, Манчестер Сити би можел да тргне по Енцо Фернандез како нов лидер во средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
