„Бомба“ во најава: Зидан го носи Роналдо во ПСЖ?!

Зинедин Зидан е голем фаворит за летово да седне на клупата на ПСЖ, откако француските медиуми објавија дека на Маурицио Покетино веќе му било соопштено дека во текот на летово ќе мора да си замине од „Паркот на принцовите“. Зидан е подготвен за камбек на тренерската работа, а Французинот е подготвен со себе да донесе уште една фудбалска суперѕвезда, Кристијано Роналдо да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Добро познато е дека Зидан и Роналдо функционираа беспрекорно во Реал Мадрид, клуб со кој освоија три европски титули во серија. Токму по заминувањето на Зидан од клупата Роналдо не го криеше своето задоволство и издејствува напуштање на Реал и преселба во Јувентус, па доколку постои можност за повторна соработка Португалецот сигурно ќе стори се за повторно да настапува за Зизу. Тој е несреќен поради слабите игри и резултати на Манчестер Јунајтед, не му се допаѓа ниту атмосферата во соблекувалната, па лесно може да се случи Кристијано самиот да поднесе барање за трансфер, за да му биде дозволено по само една година да си замине од „Олд Трафорд“.

Добро познато е дека ПСЖ летово ќе остане без Килијан Мбапе, така што „светците“ ќе имаат простор во нападот да донесат уште една суперѕвезда, крај Меси и Нејмар. Платата на Роналдо нема да претставува проблем за богатите катарски газди на ПСЖ, се со цел да ги обединат заедно во ист тим Меси и Роналдо, најдобрите светски играчи во последните петнаесетина години.

Се вчитува...