Бонучи: На новинарите сум им интересен, но јас не мрдам од Јувентус

Јувентус се уште е единствениот клуб за Леонардо Бонучи. Одличниот дефанзивец идентично како и минатото лето е поврзуван со многу клубови, најзагреан е поранешниот тренер на Јуве, Антонио Конте со Челси, но Бонучи е цврсто решен да остане дел од „старата дама“.

Разбирам дека на новинарите сум им интересен бидејќи неколку клубови ме бараат, но тие секогаш го добиваат истиот одговор – јас сум член на Јувентус и не мрдам од овој клуб. Среќен сум во Јуве, освојувам трофеи со оваа екипа и затоа не ни размислувам за трансфер“ – изјави Бонучи за весникот „Тутоспорт“.

Италијанскиот репрезентативец неодамна потпиша нов договор со важност до 2020 година, па јасно е дека не планира во блиска иднина да ги менува клупските бои.

Се вчитува...