Борец и Локомотива ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар

Велешки Борец, под водство на Никола Карчев на местото шеф на стручниот штаб, денеска ремизираше (1-1) со Локомотива Скопје на вториот подготвителен натпревар пред почетокот на пролетниот дел во Втората фудбалска лига.

Локомотива поведе во првото полувреме со голот на Сунај по грешка на домашната одбрана, а домашните израмнија со погодокот на Дамјан Пешевски.

Следна контрола за фудбалерите на Борец е закажана на 12. февруари на гостински терен против Победа во Прилеп.

Се вчитува...