Борец одговори: Купете си копачки за вештачка трева

Фудбалскиот прволигаш Борец излезе со реакција за случувањата на последниот натпревар против Академија Пандев. Велешани жалат за повредите на двајцата фудбалери на струмичкиот состав, но велат дека проблемот се јавува поради користење на несоодветна опрема, потенцирајќи дека постојат специјални копачки за добро движење на терен со вештачка трева.

Во соопштението на Борец се вели:

Ние како клуб сакаме да градиме пријателски однос со секој наш ривал ,никогаш не сме направиле некоректен притисок на било кој противник во Велес…

Навистина жалиме за повредите на потенцијалните репрезентативци Дориев и Стоилов и им посакуваме што побрзо да се вратат на зелениот терен, но и на снимката се гледа дека дуелот беше лице в лице во централниот дел, каде и двајцата играчи лошо реагираа и се повредија…

Ние како клуб работиме професионално веќе три години и немаме никаков проблем со повреди од таква природа, проблемот се јавува во неадекватна опрема (има специјални копачки за вештачка трева) или во преоптовареност или лош тренажен процес на играчот…

И ние како клуб имаме примедби за сите противнички стадиони на кои играме, ниту еден тревник не е на професионално ниво (освен Националната Арена) и нашите фудбалери имаат проблем да играат на нерамни терени…

Се вчитува...