Борко ја спушти „ролетната“ во Порто (видео)

Борко Ристовски бранеше извонредно на вечерашното гостување против Порто, неговите интервенции овозможија „црвено-црните“ да се вратат во мечот, но неефикасниот напад беше причината македонскиот првак да претрпи пораз на овој натпревар.

Ристовски го заврши мечот со 15 успешни интервенции, а најатрактивна е оваа од второто полувреме, кога долгогодишниот репрезентативец фантастично реагираше при контранападот на португалскиот првак.

Се вчитува...