Борко: Нашата шанса е ако Шпанците ја потценат Македонија

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Два натпревари во следните два дена, од кои оној последниот против Исланд дефинитивно ќе биде решавачки за пласман во втората мундијалска рунда. Македонските ракометари се решени без бело знаме да истрчаат и на дуелот со Шпанија, во обид доколку им се укаже шанса да го изненадат актуелниот европски шампион

„Резултатот при поразот со Хрватска не е реален, ние одигравме квалитетно, што сепак не беше доволно за да победиме. Сега пред нас е Шпанија, да се обидеме да влеземе во егал-натпревар и да видиме како ќе се одвиваат работите. Доколку противникот влезе во ритам, да ги сочуваме силите за Исланд кој ќе биде одлучувачки меч за нас. Да не заборавиме, Шпанија е европски шампион и сигурно шансите за победа се многу помали во однос на Исланд. Нашата шанса за изненадување против Шпанија е можеби во тоа што ќе не потценат. Меѓутоа имаат доста квалитет кој ќе дојде до израз во еден дел од мечот, но ние нема да се предадеме“ – истакнува Борко Ристовски.

Се вчитува...