Борко Ристовски и Танкоски на трибини, Даскалоски и Лазаревски против Чиле

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Македонија денеска од 13 часот во Келн го игра последниот натпревар на Светското првенство 2019 против Чиле во битката за 15. место.

Селекторот Раул Гонзалес, за разлика од претходните натпревари, се одлучи и на промена во составот на националниот тим. Па, за дуелот со Чилеанците на трибините се сели првиот голман Борко Ристовски како и централниот бек Марио Танкоски, а на нивно место голманот Златко Даскалоски и младиот пивот Милан Лазаревски за првпат од терен ќе го почувствуваат Мундијалот 2019.

Се вчитува...