Борко Ристовски: Ни недостигаат многу работи, да бидеме чесни, Исланд е поквалитетен

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Македонија го загуби клучниот меч од Исланд (22-24) и ќе продолжи во „Президент куп“, групата на четвртопласираните селекции која ќе се игра во Келн.

Борко Ристовски имаше добра партија на голот, но тоа не беше доволно за триумф.

„Се трудевме, игравме до крај, но не успеавме да го остваривме посакуваниот триумф. Ќе треба да помине еден ден можеби за да можеме да анализираме подобро, но чесно е да се каже дека ни недостигаат многу работи. Исланд беше подобар и победи“, изјави Борко Ристовски.

Се вчитува...