Борко сигурен, Барса рутински до нова победа

Борко Ристовски со Барселона запиша уште една рутинска победа во шпанската АСОБАЛ лига. Во натпреварот од 12.коло, на домашен терен во „Блауграна“, каталонскиот тим славеше против Сегурос Замора со 32-20.

За Барселона ова е максимална 12 победа во АСОБАЛ во која трофејниот тим веќе неколку сезони е неприкосновен на лидерската позиција.

Македонскиот репрезентативен голман и на овој натпревар беше на висина на задачата со 15 одбрани. Најефикасен во нападот на Барселона беше Тунижанецот Ваел Жалуз со шест гола, а по пет погодоци постигнаа Валеро Ривера и Алекс Абело.

Следен на распоредот на Барселона е гостинскиот дуел против Нант во Лигата на шампионите.

Се вчитува...