Борко со порака до цела Македонија: „Тоа е таа ЕКИПА… ЕКИПИШТЕ!!!“ (ФОТО)

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Вардар е поблиску до одбрана на титулата во Суперлигата откако славеше во првото големо дерби сезонава против Еурофарм Пелистер со 31-24.

Избраниците на Владо Недановски уште еднаш му одржа лекција по ракомет на големиот ривал, по што докажаа дека ракометот во Македонија се уште е „црвено-црн“, а за да „зазелени“ ќе мора да почека некоја нова пролет.

По натпреварот славјето на домаќините премина и во соблекувалната, а сето тоа го овековачи Борко Ристовски на својот фејсбук профил.

Се вчитува...