Бормут го шокираше Тотенхем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем не го искористија поразот на Њукасл во борбата за Лигата на шампионите следната сезона откако доживеаја шокантен пораз од Бормут со 2-3 во натпревар од 31. коло во Премиер-лигата.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Сон уште во 14. минута од натпреварот. Гостите до крајот на првиот дел успеаја да израмнат на 1-1 преку Вина во 38. минута. Целосен превсрт (1-2) донесе Соланке во 51. минута. На 2-2 израмни Данјума во 88. минута, додека победа за Бормут донесе Соланке во 95. минута.

Tottenham [2] – 2 Bournemouth – Arnaut Danjuma 89′
by u/Todibo in soccer

РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕРЛИГА 31. КОЛО: 

Челси – Брајтон 1-2

Евертон – Фулам 1-3

Саутемптон – Кристал Палас 0-2

Вулверхемптон – Брентфорд 2-0

Се вчитува...