Борна Чориќ сензационален победник на АТП мастерсот во Синсинати

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ на сензационален начин стигна до титулата на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати.

Тој во финалето славеше над грчкиот тенисер, Стефанос Циципас со 2-0, по сетови 7-6 и 6-2. Хрватот стана најслабо рангираниот тенисер во историјата кој успеал да стигне до мастерс титула, бидејќи во моментов се наоѓа на 152. место на АТП листата.

На патото до првата мастерс титула Чориќ успеа да го совлада и Рафаел Надал.

 

Се вчитува...