Борна Чориќ во САД направи потфат кој никој не успеа да го оствари од 1993 година

Борна Чориќ измината вечер стана сензационален победник на АТП мастерсот во Синсинати откако во финалето славеше против Стефанос Циципас со 2-0 (7-6 и 6-2). Хрватот кој го завзема 152. место на АТП листата испиша историја како најслабо рангиран победник на Мастерс 1000 турнир во историјата.

Покрај тоа оствари и потфат на кој никој не му успеал до 1993 година, во иста година освојувајќи Челинџер и Мастер 1000 турнир. Имено, пред Ролан Гарос тој го освои Челинџерот во Парма.

Се вчитува...