Борозан немал сообраќајка, туку паднал преку банкина!

Бекот на Вардар, Вуко Борозан поради повреда ќе го пропушти настапот за репрезентацијата на Црна Гора на ЕП во Хрватска на кое Црногорците играат во групата Ц заедно со Германија, Македонија и со Словенија.

Според првите информации, официјално беше дека најдобриот спортист на Црна Гора ноќта меѓу 18 и 19 декември доживеал сообраќајна несреќа во близина на Цетиње во која го повредил бутниот мускул и рамото, но црногорските медиуми денеска откриваат еден нов момент – 23 годишниот ракометар немал сообраќајка, туку паднал преку банкината кога излегол од автомобилот!

Информацијата е потврдена со официјалниот записни од дежурната служба во Одделението за безбедност во Цетиње.

„Дежурната служба на Одделението за безбедност Цетиње, ноќта 18/19 јануари 2017 година во 1.55 часот, доби известување од дежурниот доктор во Единицата на итна медицинска помош во Цетиње дека кај нив е примен В.Б: (24 од Цетиње, со повреда во пределот на главата и дека тој по укажаната лекарска помош бил упатен во болницата „Данило први“ во Цетиње).

На лице место е упатен полициски службеник кој обави разговор со В.Б. и со неговиот татко П.Б. Тие му соопштиле дека В.Б.  се здобил со повреда кога на магистралниот пат во правец Цетиње – Подгорица, во местото Добрско село, при излегувањето од возилото со кое управувала неговата вереница, се сопнал преку банкината и паднал при што се здобил со повреда.

Дежурниот доктор на Оделението за хирургија во болницата „Данило први“ во Цетиње, на полицискиот службеник му соопшти дека се работи за полесни телесни повреди, што е и констатирано во службената белешка од полицискиот службеник“ – стои во полициското соопштение што го објави црногорскиот весник „Вијести“ за сообраќајната несреќа во која е повреден Борозан.

На ЕП во Хрватска, Македонија и Црна Гора ќе играат меѓусебе во натпреварот од 2.коло на 15 јануари.

Се вчитува...