Борусија Дортмунд го посакува Аксел Витсел

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд сака да ги засили своите редови со белгискиот репрезентативец Аксел Витсел. Тој е најголемата желба на новиот тренер на „милионерите“, Лусиен Фавр. 29 – годишниот играч за врска, сепак, е под договор со кинескиот клуб Тианјин куанџиан, па овој трансфер нема така лесно да може да се реализира.

Витсел имаше одлични настапи на Светското првенство во Русија во дресот на Белгија, која го освои третото место. Борусија Дортмунд е подготвена да плати 30 милиони евра за да го доведе креаторот на играта во своите редови. Сепак, Тианјин го плати 40 милиони евра неговиот премин од Зенит, а тој има актуелен договор до 31 декември 2019 година.

Се вчитува...