Борусија Дортмунд и преку Штутгарт до 4 од 4 на стартот од сезоната (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја продолжија својата победничка серија оваа сезона – запишувјќи ја четвртата победа по ред, овој пат во Штутгарт со 0-1.

Стрелец на голот вреден три бода беше Максимилијан Бајер во 70. минута.

Нему му асистираше Џоб Белингам, кој беше внесен во игра кратко пред Англичанецот да испрати прецизно додавање до стрелецот на голот.

Екипата на Ковач е во одлична форма на почетокот на новата натпреварувачка година – од седум натпревари, победија на шест.

Единствениот пораз беше против Баерн во Суперкупот пред почетокот на сезоната, а во следните шест натпревари, во лигата, Купот и Лигата на шампионите, исходот беше секогаш ист – победа.

Се вчитува...