Борусија Дортмунд нуди 12 милиони евра за Елиф Елмас?

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е сериозно заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Според германските медиуми, „милионерите“ се подготвени да издвојат 12 милиони евра за да го откупат македонскиот „дијамант“ од Фенербахче и да го преселат на „Сигнал Идуна Парк“.

Елмас оваа сезона е стандарден првотимец на Фенербахче, а исто така со 18 години е веќе и стандарден репрезентативец во сениорскиот национален тим на Македонија. Скаутите на Борусија Дортмунд го следат веќе подолг период, откако Фенербахче им го „украде пред нос“ уште во периодот кога го носеше дресот на Работнички како малолетно момче.

Тој во јули 2017 година се пресели во Фенербахче, а дури потоа, откако стана полонолетен и потпиша професионален договор со турскиот гигант. Фенербахче сега може да го продаде за неверојатно поголема сума. За Елиф Елмас постои интерес и од Манчестер сити, Бенфика, Рома и од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...